Дома Фудбал Белингам блесна, па се повреди: Реал лесно ја декласира Жирона (Видео)

Белингам блесна, па се повреди: Реал лесно ја декласира Жирона (Видео)

Реал Мадрид триумфира на гостувањето кај Жирона со 3-0 во 16. коло од Ла Лига.

Гостите од Мадрид поведоа во 36. минута со голот на Џуд Белингам. Англичанецот беше критикуван, но во последно време почна сè повеќе да постигнува голови и да асистира.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


И токму Белингам во 55. минута со одлично додавање го проигра Арда Гулер, а младиот Турчин со удар по земја ја зголеми предноста на 2:0 и ја оправда довербата на тренерот Карло Анчелоти, кој му даде шанса да игра од самиот почеток.

Третиот гол за „кралевите“ беше дело на Килијан Мбапе во 62. минута кога ги постави конечните 3-0, па така Реал му се приближи на два бода на лидерот Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дијало го спаси Манчестер Јунајтед од срам

Манчестер Јунајтед со пресврт го совлада Саутемптон, а херој за „црвените ѓаволи“ беше Ама…