Дома Останати Кошарка Батлер и Кари по голема драма го однесоа Голден Стејт во плеј-офот на НБА (Видео)

Батлер и Кари по голема драма го однесоа Голден Стејт во плеј-офот на НБА (Видео)

Голден Стејт Вориорси конечно се справија со своите трауми од минатото и се пласираа во првото коло на плеј-офот. Во напнатиот дуел против Мемфис Гризлис, тимот од Сан Франциско славеше со резултат 121:116 и на тој начин им се реваншираше за болната елиминација во плеј-ин турнирот во 2021 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На паркетот на „Чејс центарот“, седмопласираните Вориорси одиграа меч кој целосно го оправда епитетот на драма, а клучните улоги ги имаа Џими Батлер и Стефан Кари.

Батлер блесна со 38 поени играјќи на позицијата крилен центар, додека Кари во завршницата погоди две тројки кои го скршија отпорот на Гризлис. Кари го заврши мечот со 37 поени, а значаен придонес пристигна и од клупата – дури 30 поени.

Фото: Golden State Warriors/FB .
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн Џејмс ќе потроши еден куп пари за транспорт – ќе лета со хеликоптер до новиот тим!?

Една од најинтересните теми по преминот на Леброн Џејмс во Филаделфија не е врзана за тере…