Дома Фудбал Останато Авиокомпанијата за исфрлањето на Хабиб: Нашата одлука нема врска со етничката припадност!

Авиокомпанијата за исфрлањето на Хабиб: Нашата одлука нема врска со етничката припадност!

Хабиб Нурмагомедов, поранешен борец и еден од најдобрите шампиони во историјата на УФЦ, беше исфрлен од летот што одеше од Лас Вегас до Лос Анџелес минатата недела. Дагестанецот патувал таму за да го поддржи својот колега Ислам Махачев и роднината Умар Нурмагомедов на настанот УФЦ 311, кој следната сабота ќе се одржи во вториот по големина град во САД.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фановите на поранешниот борец на социјалните мрежи пишуваат дека ова се случило затоа што е муслиман. Омар Сулејман, еден од најпознатите имами во САД, на својот X профил напиша: „Хабиб е исфрлен од авион? Се чини дека дури и еден од најпознатите муслимани на светот не може да избега од расно профилирање во Америка. Не е важно каков статус имате.“

Авиокомпанијата реагираше и испрати кратко соопштение до јавноста.

„Одлуката за искрцање на клиентот нема врска со неговата етничка припадност“, соопшти компанијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арена спорт го објасни проблемот со каналите на македонски јазик

По лансирањето на проектот Арена Македонија кој почна на почетокот на овој месец измиантит…