Дома Фудбал Анкета во Реал Мадрид: 58 отсто од навивачите сакаат да замине Винисиус

Анкета во Реал Мадрид: 58 отсто од навивачите сакаат да замине Винисиус

Еден од највлијателните шпански спортски весници „АС“, спроведе анкета откако во јавноста се појавија информации дека Винисиус Жуниор веќе започнал преговори за евентуален трансфер во Саудиска Арабија. Според најавите, интересот од богатите клубови од Блискиот Исток е сериозен, а финансиската понуда која кружи во медиумите е навистина огромна.

Весникот им се обрати на навивачите на Реал Мадрид, барајќи нивно мислење за потенцијалната продажба на бразилската ѕвезда. Иако Винисиус важи за еден од најдобрите фудбалери во светот и клучен играч во офанзивната линија на „кралевите“, резултатите од анкетата беа неочекувани.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Голем дел од фановите се изјаснија дека не би имале ништо против неговото заминување, доколку клубот добие значителна финансиска компензација.

Според податоците, 58% од анкетираните навивачи сметаат дека Винисиус треба да биде продаден, додека 42% се против негово заминување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…