Дома Останати Тенис Алкараз му „дише во врат“ на Синер, Ѓоковиќ остана на петто место на АТП

Алкараз му „дише во врат“ на Синер, Ѓоковиќ остана на петто место на АТП

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз имаше одличен почеток на сезоната на земја. Го освои Мастерсот во Монте Карло за прв пат во кариерата, победувајќи го Лоренцо Музети во финалето, и се искачи на второто место на АТП листата!

Минатата година го пропушти овој турнир, но сега целосно ја искористи шансата и освои максимални 1.000 поени, со што својот ранг го зголеми од 6.720 на 7.720. Така, во понеделник наутро, на официјалната најнова АТП листа (14 април), го премина Александер Зверев и се врати на второто место, позиција која не ја држел од 28 октомври минатата година.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ со раното испаѓање од Монте Карло изгуби 390 поени, но сè уште е на петтото место со 4.120. Пред него е Тејлор Фриц на четвртото место, со 5.280 поени.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ по денешниот пораз: Можеби ова беше мој последен меч во Мадрид!

Новак Ѓоковиќ беше поразен од Матео Арналди во второто коло на мастерсот во Мадрид со 2:0 …