Дома Останати Тенис Синер брзо се врати во топ форма, Алкараз треба да биде загрижен!

Синер брзо се врати во топ форма, Алкараз треба да биде загрижен!

Вториот светски тенисер, Јаник Синер, се избори за своето трето полуфинале на мастерс турнирот во Монте Карло, откако по го победи Феликс Оже-Алијасим со 6:3, 6:4 во четвртфиналниот дуел кој траеше еден и пол час.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Синер пристигна на Азурниот брег по фантастичната американска турнеја каде што ги освои мастерсите во Индијан Велс и Мајами, и си постави задача за првпат во кариерата да го освои и Монте Карло.

Веќе во вториот гем од првиот сет Синер имаше шанса за брејк, но Канаѓанецот ги одби двата напади на неговиот ривал. Сепак, во шестиот гем немаше спас и благодарение на тоа, Јаник поведе со 1:0 во сетови.

На средината од вториот сет, малку недостасуваше натпреварот да се приближи кон изедначување, но Оже-Алијасим не ја искористи шансата за брејк, што Синер успешно направи три гема подоцна и го отвори патот кон победата.

Во полуфиналето, вториот светски тенисер ќе се соочи со Александар Зверев, кој денес, по напорна борба, го победи Жоао Фонсека. Синер ќе го следи и патот на одбранителот на трофејот Карлос Алкараз.

Шпанецот нешто подоцна игра против Бублик и се наоѓа во опасност да го загуби тронот, доколку биде елиминиран пред финалето.

Ќе потсетиме во вчерашниот меч, Италијанецот првппат по 37 освоени сета во низа и 185 дена загуби сет против Махач во мечот кој го доби со 2-0, но денеска повторно се врати на највисоко ниво.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ доби ударен термин на стартот на Ролан Гарос

Организаторите на Ролан Гарос ги објавија термините за натпреварите во недела, првиот ден …