Дома Фудбал Нејмар промаши одлична шанса, а потоа влезе во жестока расправија со своите навивачи и ги навредуваше (Видео)

Нејмар промаши одлична шанса, а потоа влезе во жестока расправија со своите навивачи и ги навредуваше (Видео)

Шокантни сцени се видоа на стадионот „Вила Белмиро“ по ремито меѓу Сантос и парагвајски Депортиво Реколета (1:1) во втората рунда од групната фаза на Копа Судамерикана. Во главната улога се најде никој друг освен Нејмар, кој по натпреварот влезе во отворен конфликт со своите навивачи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Незадоволни од изведбата на тимот, навивачите на Сантос со остри критики ги пречекаа играчите покрај аут-линијата, а “десетката” на бразилскиот тим не сакаше да молчи. Пред да застане пред камерите на ТВ станицата „ЕСПН“, Нејмар со рачен гест ги замоли навивачите да замолчат, а потоа се обиде да го оправда неуспехот.

– Во право си… Дали сега си среќен? Јас сум разгален? Давам се од себе тука. Еве, ќе ти дадам твоите пет минути слава – рече видливо нервозниот Бразилец пред дефинитивно да го напушти теренот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА донесе уште една забрана пред Светското првенство!

Светското првенство кое оваа година се одржува во САД, Канада и Мексико, стартува следната…