Дома Фудбал Јамал се јави по болната елиминација: Родителите ме научија да го одржам зборот!

Јамал се јави по болната елиминација: Родителите ме научија да го одржам зборот!

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, се огласи по елиминацијата на Барселона од Лигата на шампионите, ветувајќи им на навивачите дека клубот ќе се врати на врвот на европскиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот крилен играч објави порака на социјалните мрежи по поразот од Атлетико Мадрид, заедно со фотографија од теренот на стадионот Метрополитано.

„Ние сме Барселона и ќе се вратиме таму каде што припаѓаме. Родителите ме научија да го држам зборот… и ќе го вратиме трофејот во Барселона“, изјави Јамал.

Тој додаде дека елиминацијата не е крај на патот и дека тимот мора да продолжи да напредува.

„Се трудевме колку што можевме, но тоа не беше доволно. За да се стигне до врвот, треба да се оди од чекор по чекор и знаеме дека нема да биде лесно, ниту некој ќе ни го олесни патот. Но, откажувањето не е опција“, рече тој.

Јамал истакна дека верува во напредокот на тимот и дека од секое искуство ќе ја извлечат поуката.

„Имаме многу причини за оптимизам и ќе продолжиме со полна сила. Секоја грешка е лекција и сигурно ќе научиме од секоја”, заклучи младиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабијани: Само три минути нè делеа од посакуваниот резултат!

По драматичната елиминација од Рига, тренерот на Вардар, Кристијан Фабијани, истакна дека …