Дома Фудбал Лапорта бесен: Тоа што се случуваше вчера е срамно!

Лапорта бесен: Тоа што се случуваше вчера е срамно!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, со остри зборови ја критикуваше судиската контрола за време на четвртфиналната средба од Лигата на шампиони против Атлетико Мадрид. Тој најави дека клубот повторно ќе поднесе жалба до УЕФА. Лапорта го опиша настапот на судиите и ВАР како срамен на двете средби и го истакна своето незадоволство, кое веќе го покажа на трибините на стадионот Ванда Метрополитано. Ова денес го потврди пред медиумите при посетата на тенискиот турнир Конде де Годо, пишува Марка.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


“Најпрво сакам да му честитам на Атлетико Мадрид, но тоа не означува дека вчерашното судење, на теренот и во собата за ВАР, не беше срамно. На нас ни направија неправда која не може да се прости. Веќе на првата средба не ни досудија чист пенал и ни го исклучија играчот за старт кој требаше да биде санкциониран со жолт картон, бидејќи Ѓулијано немаше контрола на топката. Тоа ни направи голема штета,” рече претседателот на Барселона, кој објави дека ќе поднесат повторна жалба до УЕФА откако првата беше одбиена минатата недела.

Лапорта детално ги опиша сите ситуации каде што смета дека судиите ги оштетиле Каталонците: “Ова беше дуел каде што судиските одлуки беа против нашиот тим. Во реваншот, Ерик Гарсија не беше последен играч, го бркаше Кунде. Судиjaта најпрвин даде жолт картон, но ВАР го натера да ја смени одлуката.”

“Голот на Феран беше регуларен, пеналот врз Олмо беше очигледен, а стартот врз Фермин е неприфатлив, бидејќи му ја расекле горната усна, а потоа Гави доби картон… На момчето му шиеле усна, а ни фаул не беше досуден. Неприфатливо,” изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвездите на Арсенал се уште во солзи, а веќе пристигна сериозна провокација од лутиот ривал (Фото)

Фудбалерите на Арсенал не успеаја да го остварат својот голем сон и да освојат титула прва…