
Барселона испадна во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а поразот од Атлетико повторно ги отвори исти прашања кои го следат каталонскиот клуб подолго време.
Звонимир Бобан, претседателот на Динамо кој го анализираше мечот во студиото на „Скај Спорт“ беше многу јасен во оценката на играта на Барселона.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
‘Барселона во првото полувреме играше речиси неверојатно, создавајќи шанси и доминирајќи. Но во второто полувреме се покажа дека не можат да го задржат тој ритам. Атлетико остана стабилен и дури и го зголеми нивото на играта’, истакна Бобан.
Но, клучната критика ја упати на структурата на тимот.
‘Со овој тим, Барселона никогаш нема да ја освои Лигата на шампионите. Со ваква одбрана и напад, со сета почит кон Феран Торес, тоа едноставно не е доволно’, изјави тој.
Додаде и дека истите проблеми се повторуваат веќе две години.
‘Високата линија на одбрана постојано им се удира. Добро е да се игра високо ако можеш да притискаш, но ако тоа не функционира, тогаш тоа е преголем ризик’, заклучи тој.