Пред сениорската репрезентација се два подготвителни натпревари кои ќе бидат одиграни во Анталија.
Прво на 23 март избраниците на Игор Ангеловски ќе играат против Финска, а четири дена подоцна против Азербејџан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денес Ангеловски го објави списокот за овие две средби, а единствена измена во однос на претходните средби е враќањето на младиот голман кој ги брани во младинските категории на Арсенал, Дејан Илиев. Тој е повикан на местото на повредениот Дејан Митов Нилсен.
Можеби за многумина е изненадување што во составот го нема Бесарт Ибраими кој прикажуваше одлични настапи во дресот на Шкендија.
Голмани: Столе Димитриевски, Дејан Илиев
Одбрана: Стефан Ристовски, Ѓоко Зајков, Кристијан Тошевски, Кире Ристевски, Дарко Велковски, Висар Муслиу
Среден ред: Аријан Адеми, Енис Барди, Стефан Спировски, Бобан Николов, Езгјан Алиоски, Марјан Радески, Ферхан Хасани
Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Иван Тричковски