Дома Фудбал Останато Aлвес со една анегдота ја опиша генијалноста на Меси: Ги дриблаше најдобрите дефанзивци како деца во парк

Aлвес со една анегдота ја опиша генијалноста на Меси: Ги дриблаше најдобрите дефанзивци како деца во парк

Дани Алвес (36) е еден од најдобрите бекови на сите времиња. Фантастичниот Бразилец обележи една епоха во модерниот фудбал, а бројни стратези ќе речат дека токму тој е најдобриот десен бек во историјата.

Алвес на „Камп Ноу“ пристигна од Севиља во 2018 година, а во Каталонија остана осум сезони после Барселона играше во ПСЖ, а минатото лето ја напушти Европа и после 17 години се врати во Бразил. Алвес потпиша за Сао Паоло во кој ужива во залезот на кариерата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во разговор за бразилските новинари Алвес се потсети на ситуација на еден од тренинзите на Барселона, а главен актер во таа ситуација бил Лео Меси.

„Се сеќавам на еден тренинг. Меси правеше работи со топка кои беа невозможни, но тој тоа го прави секој ден. Тој тренинг се беше некако поинаку. Тренерот ни кажа да бидеме максимално сериозни, бараше целосна посветеност. Лео и покрај тие зборови продолжи да прави лудости со топката. Го дриблаше секој играч без проблем. Во еден момент додека поминуваше покрај мене го погледнав во нозете. Копачките му беа одврзани! Останав шокиран. Дриблаше некои од најдобрите дефанзивци во светот, а изгледаше како да се забавува во недела во парк. Во тој момент сфатив дека во животот нема да играм со некој подобар од него“, изјави Алвес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…