Дома Фудбал Италија Aларм во Милано: Што се случува со Пјонтек?

Aларм во Милано: Што се случува со Пјонтек?

„30 голови за Џенова и Милан во минатата сезона, а нула во припремните натпревари на „росонерите“ оваа сезона – што се случи со Криштоф Пјонтек“, се прашува „Газета“

Припремните натпревари не се секогаш мерило, но како прв стрелец и човек од кого се очекуваат 20 голови или повеќе голови во пет натпревари на припремните не успеа да постигне ниту еден гол и тоа е причина за аларм во Милано.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Минатата сезона во својата прва сезона во Италија, Пјонтек постигна 19 голови за Џенова, а откако премина во Милан додаде 11, вкупно 30 цела сезона.

Во Џенова го тренираше Балардини, а во Милано Гатузо. Сега во Милан пристигна марко Џампаоло, тренер со филозофија која се разликува од онаа која ја имаа претходните тренери на Пјонтек.

Џампаоло сака фудбал кој е преполн со механизам и таа игра бара сериозен ангажман од напаѓачите во смисла на движење и разбирање на играта, а „Газета“ тврди дека тука полскиот напаѓач буквално се изгубил.

Ако сака да го задржи својот статус Пјонтек ќе мора да почне да постигнува голови. Бидејќи на крајот на денот за еден напаѓач головите се мерило за неговиот квалитет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Уште еднаш докажа дека е генијалец: Јамал си поигра со цела одбрана на Виљареал и маестрално погоди! (Видео)

Ламин Јамал уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите во светот и постигна фантастичен …