Maкедонскиот селектор Игор Ангеловски денес имаше интервју за хрватскиот „данас.рс“.
Ангеловски после победата над Германија одново е во фокусот на медиумите во регионот. Во интервјуто тој разговараше на различни теми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За проблемите во мак.фудбалот.
„Причината за послабата лига е во тоа што секој играч кој малку отскокнува веднаш сака да ја искористи приликата и кариерата да ја продолжи во странство. Кога на тоа ќе ја додадеме лошата фудбалска инфраструктура каде што се играат натпреварите од првата и втората лига, тука некаде се причината за разликата со првенствата во соседството“.
За враќањето на Пандев.
„Мојот прв ден како селектор започна така што се упатив за Џенова да разговарам со Горан Пандев кој поради ситуацијата во Фудбалскиот сојуз на Македонија тогаш престана да го носи репрезентативниот дрес. Отидов таму за да го убедам да се врати. Го прифати мојот повик, но Горан премногу ја сака Македонија и не ми требаше многу да го убедам. Од тогаш почна убава историја. Секогаш повторувам една моја реченица, па ќе ја споделам и со вас: Кога Горан Пандев зборува за фудбалот сите треба да молчат и да слушаат“, зборуваше помеѓу другото Мрме.
Целото интервју на Ангеловски можете да го прочитате тука.