Дома Македонски спорт Мак ракомет Пенезиќ меѓу „трите ѕвезди“, Алтхаус го постигна голот на колото!

Пенезиќ меѓу „трите ѕвезди“, Алтхаус го постигна голот на колото!

Ракометарките на Вардар Андреа Пенезиќ и Ања Алтхаус се меѓу најдобрите во третото коло од главната фаза во Лигата на шампионките. Пенезиќ е една од трите ѕвезди на колото, додека според ЕХФ, Алхаус го постигнала најубавиот гол.

ЖРК Вардар, во неделата, победи во Германија кај Турингер 31:29, ја забележа осмата последовна победа во Лигата на шампионките и го потврди пласманот во четвртфиналето.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Андреа Пенезиќ во победата на Вардар партиципираше со 10 голови. Покрај хрватската репрезентативка, останатите две ѕвезди на колото според ЕХФ се Ана Грос од Мец и Зита Сучански.

Од друга страна голот со шрауба на Ања Алтхаус е најубавиот во оваа рунда од Лигата на шампионките и можете да го видите ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…