На 12 февруари, со почеток во 11 часот, во салата на основното општинско училиште „Добре Јованоски“ во Прилеп, ќе се одржи изборен шампионат во борење, слободен стил, и женско борење (за прв пат официјално).
Шампионатот е во организација на новото раководство на Боречката Федерација на Македонија, а технички организатор е боречкиот клуб „7-ми Мај-Леов“ од Прилеп.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Изборното првенство е од селективен карактер за репрезентативниот состав кој треба да не претставува на Европското првенство за У-23. Се очекува во секој момент да биде симната суспензијата на ФБСМ од страна Обединетото светско борење (ОБС/UWW), така што макеоднската репрезентација ќе може да настапува на меѓународните првенства.