Иако раководството на Јувентус неодамна потпиша нов договор со Марио Маџукиќ, италијанскиот шампион бара долгорочно решение за позицијата централен напаѓач.
Според пишувањето на италијанските медиуми, Јувентус е силно заинтересиран за ѕвездата на Лајпциг и германски репрезентативец Тимо Вернер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вернер има само 22 години и веќе две сезони игра на високо ниво во Лајпциг и е стандарден германски репрезентативец, па е на мета на најголемите европски клубови.
Манџукиќ е во одлична форма и оваа сезона, но Хрватот е единствениот класичен напаѓач во тимот на „старата дама“. Поради тоа сметаат дека Вернер ќе биде идеално засилување и долгорочно решение.
Сепак, „бјанконерите“ ќе треба да се изборат со жестока конкуренција бидејќи за Германецот интерес покажуваат Баерн Минхен, Реал Мадрид и неколку клубови од Премиер лигата.
Лајпциг нема лесно да се откаже од својот најдобар фудбалер и за неговата слобода бара 80 милиони евра.