Дома Фудбал Германија Филип Лам ја донесе најтешката одлука!

Филип Лам ја донесе најтешката одлука!

Капитенот на Баерн Минхен, Филип Лам донесе конечна одлука и ќе стави крај на фудбалската кариера по завршувањето на сезоната.

Според германскиот „Кикер“, Лам и дефинитивно ја донел својата одлука иако раководството на клубот и тренерот Карло Анчелоти се обиделе да го убедат да ја одложи пензијата за уште една година.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Лам на почетокот на овој месец го запиша 500-от настап за баварскиот гигант, а после пензионорањето готово сигурно ќе добие некоја нова улога во клубот.

Иако од клубот му понудиле важна улога во раководството, сепак Лам се одлучил за работа во младинската академија бидејќи во иднина сака да биде тренер.

Лам е легенда на Баерн и на германскиот фудбал, а за германската репрезентација има одиграно 113 натпревари и стана светски шампион во 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Аморим за скандалот меѓу фудбалерите на Евертон: Би сакал и моите фудбалери да се тепаат!

Иако Евертон го одигра речиси цел меч со десет играчи по исклучувањето на Идриса Геја, сеп…