Дома Фудбал Италија Јувентус го претстави Бонучи, а тој откри зошто заминал и зошто се вратил

Јувентус го претстави Бонучи, а тој откри зошто заминал и зошто се вратил

Тимот на Јувентус денес го претстави повратникот во тимот Леонардо Бонучи.

Бонучи после само една сезона помината во Милан се врати во таборот на „старата дама“.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Кога одлучив да го напуштам Јувентус, тоа не го направив со „ладна глава“, дозволив емоциите да управуваат со мене“.

„Јас сум Јувентино од раѓање, затоа и се вратив. Секако дека одлуките кои ги носите во моментите кога сте бесни никогаш не оние вистинските. Поради тоа во оваа прилика им се заблагодарувам на претседателот, директорите, агентите и Милан што ми овозможија да се вратам на местото кое го сметам за свој дом“, изјави Бонучи.

Да потсетиме, Бонучи беше дел од големата размена во која Милан ги доби Игуаин (на позајмица) и Матија Калдара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Срцето му застана на 50 секунди: Поранешниот фудбалер на Челси заврши со фудбалот засекогаш

Оскар одлучи да се повлече од фудбалот по застрашувачкиот здравствен инцидент. Оскар во по…