Дома Фудбал Останато Ноќ достојна на Лигата на шампионите: Милан и Јунајтед шутираа 26 пенали, Јуве го победи Баерн, Ливепрул подобар од Сити (видео)

Ноќ достојна на Лигата на шампионите: Милан и Јунајтед шутираа 26 пенали, Јуве го победи Баерн, Ливепрул подобар од Сити (видео)

Изминатата ноќ многу натпревари беа на програмата.

Поретходната ноќ ја обележија натпреварите од пријателскиот Инетернационален куп, а посебно се издвои натпреварот помеѓу Милан и Манчестер Јунајтед.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


На „Стабхаб Центарот“ во Карсон, Милан и Манчестер Јунајтед ремизираа 1:1, така што Сусо и Санчез беа стрелци во првите 15 минути, а потоа мрежите мируваа до самиот крај, па се пристапи кон изведувањето на пенали.

Интересно е што Гатузо направи шест измени кај Милан, додека Мурињо замени само тројца како да се играше стандарден официјален натпревар, иако имаше прилично „шарен“ состав.

Пеналите стигнаа дури до 13-та серија, за на крајот Јунајтед да слави со 9:8. Посебен куриозитет беше што играчите на „црвените ѓаволи“ имаа три промашени пенали во низа, Мектомини, Переира и Бејли не се прославија, потоа промаши и Хамилтон, додека кај Милан потфрлија Борини, Сусо, Ромањоли, Маури и Кеси.


Тотенхем запиша убедлива победа над Рома од 4:1. Иако Рома повеќе со голот на Шик во третата минута, Љоренте со два гола до 18-та минута го сврте резултатот, конечниот резултат беше поставен уште во првото полувреме со двата гола на Лукас.

Јувентус без Роналдо кој од понедлник започнува со тренинзи го победи Баерн со 2:0 во Филаделфија, двата погодоци ги постигна Фавали во 32-та и 40-та минута.

Во англиското дерби, Манчестер Сити беше поразен од Ливерпул со 2:1, иако од 57 минута водеше со голот на Сане. Салах изедначи нешто подоцна, за Мане во последните секунди да постигне гол за победа.

Натпреварот помеѓу Борусија и Дортмунд заврши без победник 2:2, Португалците славеа после изведувањето на пенали со 4:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…