Вчера во Прилеп спортска сала на ООУ „Добре Јованоски“ се одржа Државно Првенство за помлади пионери-ки и кадети-ки во џудо.
Првенствата беа во органнизација на Џудо Федерацијата на Македонија и техничка организација на Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
На овие Првенства настапија вкупно 18 клубови со околу 200 натпреварувачи. Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп настапи со вкупно 26 натпреварувачи а освоено се 21 медал (6 златни, 6 сребрени и 9 бронзени).
Резултати поединечно:
ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ:
 1. Сеадин Рустемоски кат. -46 кг. 1-во место
 2. Никола Магдески кат. -42 кг. 2-ро место
 3. Димитри Џокоски кат. -55 кг. 2-ро место
 4. Даниел Каралиоски кат. -30 кг. 3-то место
 5. Стефан Врглески кат. -50 кг. 3-то место
 6. Давор Најдоски кат. -27 кг. 3-то место
ПОМЛАДИ ПИОНЕРКИ:
 1. Теа Настоска кат. -28 кг. 1-во место
 2. Теодора Тасеска кат. -48 кг 1-во место
 3. Анастасија Кузманоска кат. -24 кг. 2-роместо
 4. Матеа Дамческа кат. -44 кг. 2-ро место
 5. Теона Настоска кат. -28 кг. 3-то место
КАДЕТИ:
 1. Јован Најдоски кат. +90 кг. 1-во место
 2. Марио Цинцароски кат. +90 кг. 2-ро место
 3. Христијан Тошески кат. -90 кг. 2-ро место
 4. Марко Тодорчески кат. -55 кг. 2-ро место
 5. Валентин Димитриоски кат. -81 кг. 3-томесто
 6. Андреј Трајкоски кат. -55 кг. 3-то место
 7. Орде Трајкоски кат. -73 кг. 3-то место
КАДЕТКИ:
 1. Магдалена Најдоска кат. -44 кг. 1-воместо
 2. Наталија Столеска кат. -52 кг. 3-то место
 3. Фросина Стеваноска кат. -63 кг. 3-томесто
Одлични борби прикажаа и дебитантите кај Помладите пионери (Борис Џагадуроски, Петар Врглески, Даријан Мицкоски) и Пионерките кои настапија за Кадетки (Вероника Белушанец и Леона Настоска) но не успеаја да изборат место на пиедесталот.