Барселона денес на „Камп Ноу“ го игра последниот натпревар сезонава, а во центарот на вниманието ќе биде Андрес Иниеста, кој го напушта каталонскиот гигнат.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Еден од најдобрите фудбалери во историјата вечерва ќе се прости од Барселона, а по тој повод порака му испрати неговиот поранешен тренер и пријател Пеп Гвардиола.
„Ми беше чест и задоволство да соработувам со тебе. Ти благодарам што ми помогна и што имав можност од тебе да научам нешто. Треба да се подготвиш бидејќи ти си и потребен на Барселона, порано или подоцна. Твојата генерација го направи овој клуб голем. Се гледаме наскоро”, порача Гвардиола.