Дома Фудбал Ернесто Валверде не е задоволен во Барселона!?

Ернесто Валверде не е задоволен во Барселона!?

valverde

Екипата на Барселона е на чекор од освојување на двојна круна во Шпанија, но и покрај тоа атмосферата во тимот не онаква каква што се очекува.

Имено, поразот од Рома и елиминацијата од Лигата на шампионите наводно ги здрмал водечките структури на клубот, а тренерот Ернесто Валверде смета дека му дадена потребната поддршка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мадритскиот весник „Ас“ пишува дека Валверде дури и размислува за заминување на крајот од сезоната доколку почуствува дека управата нема доверба во него.

„Ас“ исто така наведува и дека Валверде е незадоволен од односот на раководството кон него. Наводно тој се сомнева дека членови на управата во медиумите на денот на финалето кое Барселона го доби со 5:0 пуштиле приказна дека работата му „виси на конец“ доколку не победи.

Сепак со оглед на тоа дека на Барселона и е потребен само еден бод, Каталонците за викендот ќе ја потврдат двојната круна, а во летото кое следи ќе дознаеме дали сето ова се само медиумски шпекулации или пак навистина Валверде размислува да направи радикални потези.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…