Дома Топ вести Мурињо: Навистина мислите дека клуб кој ги доведува најдобрите играчи ќе го пушти најдобриот голман?

Мурињо: Навистина мислите дека клуб кој ги доведува најдобрите играчи ќе го пушти најдобриот голман?

Португалецот беше сосема јасен, но Перез секогаш има резервен план.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Жозе Мурињо ја отфрли секоја можност за заминување на Давид Де Геа на крајот од сезоната.

„Тоа не доаѓа во предвид, не може да се случи. Навистина мислите клуб кој доведува фудбалери како Погба, Матиќ и Санчез би дозволил да замине најдобриот голман. Тоа не се случува“, изјави Мурињо.

По ова изјава јасно е дека Де Геа под никакви услови нема да биде продаден на Реал, иако голманот би се вратил во родниот град.

Според последните гласини, Реал ќе се сврти кон Куртоа кои понатаму инсистира да се врати во Шпанија каде што живеат неговите деца. Белгиецот се уште не потпишал нов договор со Челси и тоа ќе го направи само доколку во него биде вметната откупна клазула.

Кога е сумата во прашање се шпекулира дека Перез би можел да понуди 100 милиони евра, а како резервна опција за „кралевите“ се наведува голманот на Рома, Алисон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…