За што размислувале во Челси, секако доколку она што го пишуваат англиските медиуми е вистина…
Антонио Конте има уште 18 месеци од договорот со Челси. За тоа време би требало да му исплатат околу 20 милиони евра, доколку остане до крај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јасно е поради што тој нема да даде отказ и чека смена, но како што сега стојат работите ќе остане до крајот на сезоната.
Кога ја освои титулата Италијанецот доби подобрување на договорот во кој беше вметната клазула во случај да замине пред истекот. Во тој случај Конте би требало да му плати на Челси, но во случај Челси да го отпушти би добил оштета од огромни 30 милиони евра.
Јасно е поради што тој е во позиција да чека.
Имено, со ваков договор во случај Челси да го отпушти би добил вистински џек-пот, а за што размислувале во Челси кога му овозможиле ваков договор навистина е тешко да се каже.
Наводно, клазулата важи до лето односно до последната сезона од договорот, па веројатно е дека Италијанецот ќе преживее до крајот на оваа сезоната, а единствена опција да остане е да се пласира во Лигата на шампионите, иако и понатаму е во игра во купот и Лигата на шампионите каде што го чека Барселона.