Капитенот на нашата селекција Кире Лазаров објави фотографија на „Инстаграм“ каде е во друштво со уште неколку наши репрезентативци, сите насмеани од прв до последен. Ова е показател дека владее добра атмосфера која секако се должи и на одличните резултати, двете победи над Саудиска Арабија и Србија.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Фотографијата е направена непосредно пред летот за Скопје, додека се чекаше авионот на белградскиот аеродром за Македонија. Избраниците на Гонзалез ќе имат еден ден слободен за Божиќ, а потоа повторно се враќаат во сала каде што ќе се дефинираат последните финеси пред патот за Загреб.