Во Реал фудбалерите заработуваа милијарди, но овој фудбалер е спремен да игра и бесплатно.
Русинот Фјодор Смолов кој настапува за Краснодар истакна дека е спемен да игра и бесплатно за Реал Мадрид.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Последните недели шпанските медиуми шпекулираат за можно пристигнување на Смолов на „Бернабеу“.
Реал со заминувњето на Мората остана со само еден калсичен напаѓач, Карим Бензема и тоа се покажа како погрешен потег.
Смолов постигна осум погодоци во руската Премиер лига оваа сезона, а сега откри што мисли за негов трансфер во Мадрид.
„Кога би постоела таква можност, за Реал би играл и бесплатно. Би потпишал договор, а клубот не би требало да ми плаќа ништо“, изјави Смолов.
Тој откри дека клубот од Мадрид го следи од поодамна, уште пред да стане професионалец.
„На нивната листа сум од јуниорските денови. После двата погодоци кои ги постигнав против Шпанија, моето име повторно здогледа светло на крајот од тунелот“, додаде напаѓачот на Краснодар.