Дома Бокс (Видео) Неверојатен хаос на бокс-меч: Навивачите упаднаа во рингот, избувна масовна тепачка, летаа тупаници и столици

(Видео) Неверојатен хаос на бокс-меч: Навивачите упаднаа во рингот, избувна масовна тепачка, летаа тупаници и столици

Во турскиот Трабзон требаше да се одржи борба за титулата УБО помеѓу домашниот боксер Емирхан Калкан и Русинот Сергеј Горохов, но сѐ заврши со масовна тепачка каква што ретко се гледа во спортот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Инцидентот се случи во третата рунда, откако Горохов ја прослави победата со прекин. Рускиот боксер прво го прослави успехот со своите, а потоа му пристапи на противникот за да го провери неговото состојба. Сепак, тој гест очигледно не им се допадна на луѓето на Калкан.

Веднаш следеше турканица, а потоа и тотален хаос. Во рингот брзо влегоа членови од двата тима, а ситуацијата дополнително се ескалираше кога и гледачите влегоа меѓу боксерите.

Започна масовна тепачка во која столиците летаа, а удари доаѓаа од сите страни. Особено настрада тренерот на рускиот боксер, кого група луѓе го нападна и изудира, додека и самиот победник не помина без последици.

Горохов во еден момент заврши на подот, каде беше удрен и гаѓан со столици, додека го опкружуваше толпа луѓе. Снимките што се појавија на социјалните мрежи прикажуваат целосен крах на организацијата и безбедноста, додека обезбедувањето и дел од луѓето од противничкиот агол се обидуваат да го запрат насилството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Неофицијалната химна на БиХ ги воодушеви и луѓето во Би-Би-Си: Ова е многу заразно!

„Јас сум од Босна, одведи ме во Америка“, звучи насекаде низ светот, а тоа е благодарение …