Дома Фудбал Драма во Саудиска Арабија: Роналдо повраќал, интервенирале докторите!

Драма во Саудиска Арабија: Роналдо повраќал, интервенирале докторите!

Кристијано Роналдо се соочил со здравствени проблеми за време на натпреварот меѓу Ал Наср и Ал Итифак во првенството на Саудиска Арабија.

Португалскиот фудбалер, кој има 41 година имал сериозни здравствени потешкотии на полувремето од спомнатиот натпревар.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Главниот тренер на Ал Наср, Жорж Жезус, изјави дека Кристијано Роналдо повраќал по крајот на натпреварот, а околу него имало неколку клупски лекари.

– Кристијано не требаше ни да продолжи на теренот по паузата. Имаше проблеми со желудникот и беше во нерасположение. Кога го извадив од игра, Роналдо веднаш отиде во соблекувалната, каде повраќаше – го цитира португалскиот “Рекорд” тренерот на Ал Наср, Жорж Жезус.

И покрај здравствените проблеми, Кристијано Роналдо успеа да продолжи да игра и беше заменет во 89. минута. Ал Наср победи со резултат од 1:0, а единствениот гол го постигна Французинот Кингсли Коман..

По 29. коло на фудбалското првенство на Саудиска Арабија, Ал Наср води на табелата со 76 поени, осум повеќе од Ал Хила и десет пред Ал Ахли, иако двата клуба имаат натпревар помалку.

На Кристијано Роналдо и неговите соиграчи им остануваат уште пет натпревари за осигурување на титулата. Следниот натпревар е дерби против Ал Ахи (следниот петок), а потоа им претстои дуел со Ал-Кадсија и потоа со најголемиот ривал Ал Хила. Сезоната завршува со Ал Шабаб, пред финалната средба против Дамак.

Од приклучувањето во Саудиска Арабија во 2022 година, петкратниот освојувач на Златната топка, Кристијано Роналдо, сè уште не го освои шампионскиот трофеј со Ал Наср.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА на нозе, Барселона поднесе жалба за судењето: „Одлуките не беа во согласност со правилата на играта“

Каталонскиот тим победи на реваншот со 2:1, но победата на Атлетико на Ноу Камп во првиот …