Дома Фудбал Тешка повреда на фудбалерот вреден 90 милиони евра само два месеци пред СП

Тешка повреда на фудбалерот вреден 90 милиони евра само два месеци пред СП

На стадионот „Енфилд“ во Ливерпул се одигра реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против актуелниот европски шампион, ПСЖ. „Црвените“ беа во обие да ја анулираат негативата од Франција, но задачата им се искомплицира во 31-та минута кога францускиот напаѓач Хуго Екитике се здоби со сериозна повреда.

Една топка се движеше кон него од одбраната на Ливерпул. Иако ниту еден противнички играч не беше во негова близина, Екитике падна и изгледа дека се здоби со многу тешка повреда. Се скрши и плачеше, а откако му беше укажана помош, беше изнесен од теренот на носилка. Наместо него во игра влезе Мохамед Салах. Оваа несреќна околност се случи само два месеци пред Светското првенство, а Екитике, кој е проценет на 90 милиони евра, е редовен член на тимот на Дешан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Екитике: Нема да се врати на терените пред 2027 година!

Навистина лоша вест за Ливерпул, откако се дозна дека францускиот претставник Хуго Екитиќе…