
Британскиот боксер Вилијам Крола синоќа победи во Олтринчам Глен Бирн со нокаут во седмата рунда. Преживеа четири падови и потоа го сервираше нокаут на годината.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вилијам Крола синоќа оствари победа на неговиот живот. Во Олтринчам имаше за противник до вечерва непоразениот Ирец Глен Бирн.
И сè укажуваше на тоа дека Бирн ќе постигне нов триумф. Го уништуваше Крола, го прати четири пати на пад и само се чекаше крајот на мечот.
Сепак, седмата рунда донесе сензационално враќање на Британецот. Во една размена, Бирн ја остави целосно отворена десната страна, а Крола го искористи тоа и со брутален лев кроше го испрати противникот на подот.
.🚨ВОЗМЕМАТЕЛНО ВРАЌАЊЕ НОКАУТ
— Токеру (@АТокерс5) 3 април, 2026
Вилијам Крола преживе 4 падови за да направи нокаут на годината и кандидат за враќање на годината против Глен Бирн pic.twitter.com/rU6Itf9h2u