Дома Фудбал Челзи по поразот од 2-8 во Лигата на шампионите останува без важен фудбалер?

Челзи по поразот од 2-8 во Лигата на шампионите останува без важен фудбалер?

Енцо Фернандез го поттикна сомнежот за неговата иднина во Челзи со изјавата после тешкиот пораз од Пари Сен-Жермен во Лигата на шампионите. Аргентинецот, кој на тој натпревар ја носеше капитенската лента наместо повредениот Рис Џејмс, изјави дека не знае што носи летниот трансфер период. Неговата изјава дојде после поразот на Челзи на Стемфорд Бриџ во вторник вечерта со резултат од 3:0, со што беше потврден вкупниот пораз од 2-8 и испаѓањето од Европа, пишува „Дејли Мејл“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Името на 25-годишниот фудбалер за врска веќе извесно време се поврзува со трансфери во други клубови, вклучувајќи ги ПСЖ, Реал Мадрид и, во последно време, клубови од Саудиска Арабија. Изгледа дека Фернандез со своите коментари не помогна во смирувањето на овие гласини.

Зборувајќи за „ЕСПН Аргентина“, Фернандез за својата иднина рече: „Не знам. Имаме уште осум натпревари и ФА куп. Следи Светското првенство, а потоа ќе видиме“. Фернандез пристигна во Челзи во 2023 година од Бенфика за тогашниот рекорден износ од 106,8 милиони фунти, а се верува дека има договор што го врзува за клубот до 2032 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…