Дома Бокс Усик за крај на кариерата сака борба против Фјури

Усик за крај на кариерата сака борба против Фјури

Светскиот шампион во тешка категорија, украинскиот боксер Олександр Усик, изјави дека сака последната борба во кариерата да му биде против големиот ривал, Британецот Тајсон Фјури.

Усик во 2024 година го победи Фјури и стана неприкосновен светски шампион, а го победи и година подоцна во реваншот. Фјури се пензионираше во 2025 година, но неодамна објави дека се врати од пензија.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Во мојата глава, Тајсон Фјури е последниот танец”, изјави Усик за агенцијата „Асошиејтед Прес“.

И двете борби беа одржани во Ријад, Саудиска Арабија, која во последните години е домаќин на многу елитни спортски настани.

Усик е непоразен, а ќе се врати во рингот на 23 мај во Египет против кик боксарот Рико Верхувен и ќе ја брани титулата во WBC верзијата. Поради војната на Блискиот Исток е нејасно дали третата борба на Усик и Фјури ќе се одржи во Саудиска Арабија. Многу настани се одложени или откажани, а се шпекулира дека управата на Формула 1 ќе ги откаже трките во Саудиска Арабија и Бахреин во април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Раперот Блуфејс се врати во боксот и доживеа понижувачки пораз (Видео)

Американскиот рапер Блуфејс планираше рутински да го одработи камбек мечот во Мајами пред …