
Снимката од брутален старт без топка во пониска фудбалска лига во австралиската Нов Јужен Велс предизвика шокирање на јавноста, а навивачите бараат строги казни за играчот, вклучувајќи апсење и депортација. Инцидентот се случи на натпреварот меѓу клубовите NWS Spirit и Sutherland Sharks, а видеото за кратко време собра над три милиони прегледи.
Во 69-та минута од натпреварот, напаѓачот на Спирит, Калум Кијли, беше исклучен откако намерно стапна на зглобот на одбранбениот играч на Шаркс, Џејми Перцевски. Топката не беше ни блиску до двата играчи, а Кијли, кој веќе имаше жолт картон, доби втора јавна опомена и мораше да го напушти теренот. Додека Перцевски се превиткуваше од болки, Кијли ги крена рацете, симулирајќи невиност, но снимката брзо ги откри неговите вистински намери и предизвика гнев на социјалните мрежи.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Реакциите на интернет беа уште поостри. Мнозина повикаа на доживотна забрана за игра за Кијли, а некои отидоа дури и чекор понатаму, барајќи властите да интервенираат надвор од фудбалските рамки. “Доживотна забрана за овој насилник. Беше намерно и со предумисла”, напиша еден корисник. “Проба да му го скрши зглобот, јас би ги предал доказите на полицијата”, додаде друг.
Се појавија и бројни повици за поднесување полициска пријава за напад, а бидејќи Кијли е роден во Обединетото Кралство, некои побараа и негова депортација. “Ова апсолутно треба да се санкционира и надвор од играта”, еден од коментарите. Во средината на контроверзијата, и Кијли и Перцевски ги заклучија своите профили на социјалните мрежи.
Клубот НВС СПирит брзо реагираше и го суспендираше својот играч. Претседателот на клубот, Франк Марчи, објави официјално соопштение.