Дома Фудбал Шоу на Милан Борјан во Арабија – сакаше да тепа двајца соиграчи (Видео)

Шоу на Милан Борјан во Арабија – сакаше да тепа двајца соиграчи (Видео)

Ал Ријад на домашен терен одигра 1:1 во рамките на 14. коло од домашното првенство во Саудиска Арабија против Ал Фајха.

Гостите беа тие кои први стигнаа до предност во 26. минута. Имено, тогаш Вилањуева ја искористи асистенцијата на Дахала и постигна гол.

Домаќините стигнаа до бод во 97. минута кога Барбет постигна гол и го спаси својот тим од пораз.

Сепак, за најмалку да се зборува за тоа се погрижи голманот на домашниот тим Милан Борјан.

Тој за време на натпреварот реши да се пресмета со двајца соиграчи бидејќи не беше задоволен со случувањата на теренот.

Најпрво влезе во вербален конфликт со еден соиграч, а потоа замавна со глава кон него.

Се вмеша еден од соиграчите и ги раздели, но ни тоа не му се допадна на Борјан.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најпознатиот клуб ќе добие најнеобичен стадион во светот: Ќе се гради од посебен материјал

Бирмингем Сити планира изградба на нов стадион кој треба да стане еден од најинтересните с…