Дома Фудбал Роналдо откри дека може да се повлече дури кога ќе оствари уште една цел во кариерата

Роналдо откри дека може да се повлече дури кога ќе оствари уште една цел во кариерата

Кристијано Роналдо сè уште не размислува за крајот, но јасно поставил граница. Португалецот откри што мора да оствари за да го затвори едно од најголемите поглавја во историјата на фудбалот. Бројките се блиску, мотивацијата е тука, а гладта за голови не исчезнала.

Кристијано Роналдо, еден од најголемите футболери на сите времиња, продолжува да ги поместува границите дури и на 40-годишна возраст.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако е на завршната фаза од кариерата, Португалецот јасно порачува дека крајот сѐ уште не дојде – барем не додека не оствари една голема цел.

Со тие голови, Роналдо дополнително го зголеми својот импресивен учинок и сега е на бројка од 956 голови во професионалната кариера.

Тоа значи дека му недостасуваат уште само 44 гола за да стигне до магичната бројка од 1000 голови – цел која ја признава како лична мотивација за продолжување со играта.

Во разговор за странски медиуми, Португалецот јасно порачал дека не му недостасуваат волја и страст.

“Не е лесно, но јас сум многу мотивиран и полн со страст. Не е важно каде играм, во Европа или на Блискиот исток, секогаш уживам во фудбалот и сакам уште да играм”, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луда сцена на Африканскиот Куп на Нации: Во еден натпревар заменија тројца голмани (Видео)

Африканскиот куп на нации, кој во моментов е во тек, продолжува да нуди интересни моменти,…