Дома Фудбал Роналдо пред најтешката одлука во животот: На синот мора да му ја каже вистината за неговата мајка

Роналдо пред најтешката одлука во животот: На синот мора да му ја каже вистината за неговата мајка

Кристијано Роналдо, еден од најголемите фудбалери во историјата, повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат не поради голови или рекорди, туку поради семејна одлука што ја заинтригира целата спортска јавност.

Според неодамнешните изјави, Роналдо планира да му го открие на својот прв син, Кристијано Роналдо Џр., конечно, идентитетот на неговата биолошка мајка. Но, нема да брза со тоа. Португалецот нагласува дека ќе го стори тоа само кога ќе процени дека вистинскиот момент е дошол и дека неговиот син може навистина да го разбере тоа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кристијано Јуниор., кој е роден во 2010 година, порасна со татко му, баба му и останатото семејство, а идентитетот на неговата мајка долго време е семејна тајна. Роналдо со текот на годините изјавуваше дека тоа е негова одлука и дека сака да ја заштити приватноста на сите инволвирани, но исто така јасно порача дека вистината ќе биде кажана на синот затоа што тој ја заслужува.

Ова не е првпат португалската легенда да ја допре оваа тема. Во претходни интервјуа, Роналдо изјави дека сака синот да го разбере контекстот, околностите и семејната динамика пред да ги добие сите информации, истакнувајќи ја важноста на вистинскиот момент и емоционалната зрелост.

Оваа одлука доаѓа во време кога Роналдо и неговата партнерка Џорџина Родригес градат големо, стабилно семејство со неколку заеднички деца (две ќерки и близначета), и отворено го покажуваат заедничкиот живот на социјалните мрежи и во јавноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Популарниот „Боксинг деј“ каков што не сме навикнати: Само еден натпревар во Премиер лигата – еве зошто е тоа така

Оваа година, 26 декември ќе биде првиот после повеќе децении кога во елитниот ранг на англ…