Дома Фудбал Киву: Судијата не досуди пенал, но потоа се вклучи ВАР…

Киву: Судијата не досуди пенал, но потоа се вклучи ВАР…

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, суздржано го коментираше поразот на својот тим од Ливерпул во дербито од шестото коло на Лигата на шампионите.

На свој терен, Нераѕурите беа поразени со резултат од 0:1, каде победата беше одлучена со пенал во 88. минута.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Најверојатно реми ќе беше најправедниот исход, гледано од аголот како се одвиваше натпреварот“, изјави Кристијан Киву за Скај Спорт Италија, а пренесе порталот „Фудбал-Италија“:

„Во првото полувреме ни недостасуваше енергија и не можевме да се носиме со нивниот интензитет, но подоцна најдовме начин да им направиме проблеми. Тоа се случи откако бевме приморани да направиме две замени, што значеше дека во вториот дел не можевме да направиме повеќе измени и останавме без свежина.“

Хакан Чалханоглу и Франческо Ачерби ја напуштија играта со повреди во првите триесет минути. Ова значително се одрази на играта на Нераѕурите во продолжението од мечот. Интер по втор пат по ред во Лигата на шампионите претрпе пораз во самиот финиш. Откако загубија од Атлетико во Мадрид (1:2), сега истото им се случи и против Ливерпул (0:1).

„На крај тие две принудни измени ни пресметаа…“, констатираше тренерот на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карагер: Салах е поголема легенда од Роналдо во Премиер лигата

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер предизвика дебата со тврдата дека Мохаме…