Дома Останати Кошарка Oдлични вести за Лејкерс: Леброн пред враќање на терените!

Oдлични вести за Лејкерс: Леброн пред враќање на терените!

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, и најдобар стрелец во историјата на НБА лигата, Леброн Џејмс, за првпат оваа сезона ќе тренира со остатокот од тимот на Лејкерс.

Ова значи дека многу брзо би можел повторно да се појави на паркетот и да стане првиот играч во историјата со настапи во 23 различни сезони во НБА.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На почетокот на подготовките за новата сезона, 41-годишниот Џејмс почувствува болки во грбот, па затоа првпат во неговата кариера го пропушти стартот на сезоната.

Лејкерс и без него во составот започнаа одлично, моментално имаат сооднос на победи и порази 10-4.

Важно е да се спомене дека оваа сезона Џејмс би можел да стане и играчот со најмногу одиграни натпревари, моментално е втор на таа листа со 1.562 одиграни мечеви, пред него е само Роберт Париш со 1.611.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пркоси на границите на физиката, но и на медицината: Јокиќ ги изненади сите во Торонто (Видео)

Најдобриот кошаркар во светот Никола Јокиќ беше присутен на ноќешната победа на Денвер Наг…