Дома Останати Кошарка Магија на Словенецот: Дончиќ играше одлично, но Лејкерс загубија (Видео)

Магија на Словенецот: Дончиќ играше одлично, но Лејкерс загубија (Видео)

Кошаркарите на Феникс ги победија Лос Анџелес Лејкерс со 113:104 во подготвителен натпревар пред почетокот на новата сезона во НБА лигата.

Ова беше трет пораз за Лејкерс од четири подготвителни натпревари, а во дуелот против Санси за првпат заигра Лука Дончиќ, кој на теренот мина 22 минути.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


За тоа време Дончиќ постигна 25 поени (7/15 од игра, 4/8 за три, 7/8 од пеналите) со седум скокови и четири асистенции.

Го следеше Остин Ривс исто така со 25 поени, кој за 31 минута забележа и четири фатени топки, но ни тоа не помогна да избегнат пораз.

Двоцифрен беше уште Диандре Ејтон со 10 кошеви, а Леброн Џејмс не играше по одлука на тренерот.

Сансите до триумфот ги водеше Џеред Батлер со 35 поени и седум скокови, Џордан Годвин ги запиша 24 кошеви.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Детали за апсењето на Лука Вилдоза и неговата сопруга – ја фатил медицинската сестра за врат, а Милица ја влечела за коса

Аргентинскиот кошаркар Лука Вилдоза (30), играч на италијанскиот Виртус од Болоња, беше уа…