
Мистериозната најава која Леброн Џејмс ја направи преку социјалните мрежи, означена како „Втората одлука”, ги направи билетите за натпреварите на Лејкерс значително поскапи.
Според извештаите на ЕСПН, пред оваа објава на Џејмс, најевтината влезница за натпревар кој ќе се игра во април следната година чинеше 82 долари.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
По објавата, цените драматично се зголемија, така што една карта сега изнесува дури 580 долари.
Доколку некој сака да купи две влезници за натпреварот на 12 април, кога Лејкерс го пречекуваат Јута, најевтината цена на билетите започнува од 760 долари.
Според ESPN, зголемувањето на цените на билетите главно се должи на шпекулациите дека претстојната сезона би можела да биде последната во неверојатната кариера на Џејмс.
The decision of all decisions. October 7th. 12pm EST. 🫡👑 #TheSecondDecision pic.twitter.com/1uop8sIU25
— LeBron James (@KingJames) October 6, 2025
Да потсетиме, Леброн се подготвува за својата рекордна 23-та сезона во НБА лигата, а последните осум години е дел од Лејкерс.