
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ зборуваше за “The Wall Street Journal” за неговите почетоци во професионалната кариера и некои планови за крајот.
Лука сè уште не го достигнал својот врв. Има само 26 години, копнее за првиот шампионски прстен и е лице на една од најголемите франшизи во светот откако неодамна беше нагло преселен од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерс.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Во НБА дојде од мадридски Реал каде се појави како суперталент во 2015 година. Претходно играше во младинските категории на тој клуб, кој го доведе од Олимпија.
„Да играш за Реал Мадрид – мораш да бидеш многу добар”, изјави Лука, а потоа новинарот го праша дали би сакал да се врати во Мадрид на крајот од кариерата.
Со влезот на НБА лигата во Европа, би можеле почесто да го гледаме Лука на Стариот континент на некои натпревари, а сигурно врската во иднината може да значи дека и некои други светски ѕвезди ќе посакаат да се испробаат во европската кошарка.