
Поранешниот капитен на Црвена звезда и водачот на незаборавната „генерација 1984“, Дејан Миловановиќ, денес почина во Белград на 42-годишна возраст.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Миловановиќ се почувствува лошо во вторникот, попладнето, за време на натпреварот меѓу ветераните на ФК Звездара и ПКБ. Итна медицинска помош пристигна веднаш и се обиде да го реанимира на лице место, по што беше префрлен во Клиничката болница Звездара. Сепак, срцето на „бомбардерот“ на Звезда не издржа два последователни инфаркта.
На истиот натпревар, што започна во 18 часот, Миловановиќ постигна гол веќе во 7. минута. Набргу потоа, додека се подготвуваше да изведе корнер, загуби свест и се сруши на теренот.
Лекарите се бореа за неговиот живот, но безуспешно.