Дома Фудбал Легендарниот голман од Премиерлигата се бори со две сериозни болести! Неговата ќерка ја сподели потресната вест

Легендарниот голман од Премиерлигата се бори со две сериозни болести! Неговата ќерка ја сподели потресната вест

Поранешниот голман на Премиерлигата, Расел Хоулт (52), се соочува со две тешки дијагнози и моментално прима палијативна нега. Неговото семејство потврди дека некогашната ѕвезда на Дерби и Вест Бром боледува од примарен склерозирачки холангитис и карцином на жолчните канали во четврта фаза.

Хоулт градеше професионална кариера две децении, бранејќи во сите четири лиги во Англија. Најмногу се истакнал во Премиерлигата, каде што го носеше дресот на Дерби и Вест Бром, за кои одигра над 100 натпревари. Со Дерби беше клучен дел од тимот кој во 1996 година се врати во елитната лига, а во сезоната 2001/2002 беше избран во ПФА тимот на годината кога Вест Бром се врати во Премиерлигата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Неговата ќерка Кајли (24) отвори страница за собирање на средства и изјави:

– Ни кажаа дека двете состојби се терминални и дека татко ми сега прима палијативна нега, што за нас како семејство е неверојатно тешко да се прифати. Тато ни значи целиот свет. Неговата сила, храброст и смисла за хумор никогаш не отстапиле, дури ни пред вакви големи предизвици. Сакаме да направиме нешто позитивно, не само да го поддржиме него, туку и да помогнеме на другите кои се борат со истата болест.”

Кајли и нејзиниот близнак брат Картер решија да истрчаат полу-маратон во Лестер на 26 октомври за да собираат средства за AMMF, единствената хуманитарна организација во Велика Британија која се фокусира на истражување и подигнување на свеста за карциномот на жолчните канали. Досега имаат собрано речиси 5.000 фунти преку над 230 донации.

Неговата животна борба денес е многу потешка од било кој натпревар, а поддршката од семејството и навивачите сведочи колку останал сакан и ценет и надвор од теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола го прашаа да бира меѓу Халанд или Исак: Ерлинг не би го заменил ни за Меси или за Роналдо…

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, повторно ја покажа својата доверба кон својот …