Дома Фудбал Најдобриот млад играч пред 10 години се сели во Мексико

Најдобриот млад играч пред 10 години се сели во Мексико

Италијанскиот трансфер-експерт Фабрицио Романо информира дека е постигнат договор за трансферот на Антони Мартиал (29) во Монтереј.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според Романо, АЕК Атина дал зелено светло за Мартиал да отпатува во Мексико и да ги помине лекарските прегледи пред да потпише договор. Во тимот на Монтереј ќе игра заедно со Серхио Рамос.

Мартиал е француски напаѓач роден 1995 година. Тој ја започна својата кариера во Лион, а во 2013 година се пресели во Монако. Во септември 2015 година потпиша за Манчестер Јунајтед за тогаш рекордна сума платена за малолетен играч, а истата година ја освои и наградата „Golden Boy“ за најдобар млад играч во светот. Во јануари 2022 година настапуваше на позајмица во Севиља. За француската репрезентација дебитираше во 2015 година и беше дел од тимот што играше финале на Европското првенство 2016 година.

Со Манчестер Јунајтед ги освои ФА купот, ЕФЛ купот, ФА Комјунис трофејот и Лига Европа. Монтереј се натпреварува во првата лига на Мексико. Навивачите на клубот се надеваат на титула, која ја немаат освоено веќе 15 години. Во моментов се на првото место на табелата по седум одиграни кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вака изгледа обраќањето на селекторот на Јужна Кореја откако беше прогласен за „државен непријател“ број еден

Тренерот на фудбалската репрезентација на Јужна Кореја, Хонг Мјунг-бо, се соочува со жесто…