Дома Фудбал Мбапе објави дека ќе го носи бројот 10, веднаш реагираше и Модриќ (Фото)

Мбапе објави дека ќе го носи бројот 10, веднаш реагираше и Модриќ (Фото)

Килијан Мбапе следната сезона ќе го носи бројот 10 во Реал, потврди клубот од Мадрид со објава на социјалните мрежи. Францускиот напаѓач ја сподели истата фотографија на својот профил на Инстаграм. Таа собра над два милиони лајкови во првите 13 часа по објавата и бројни коментари.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Меѓу нив беше и коментарот на Лука Модриќ (39), хрватскиот играч од средниот ред кој ова лето Реал го напушти и потпиша за Милан. Легендарниот капитен стави емотикон во форма на оган и неговиот коментар во моментот на пишувањето на текстот има 35 илјади лајкови и над 500 коментари.

Според информациите на шпанските новинари, при изборот на новата десетка пресудил огромниот маркетинг ефект кој француската суперѕвезда го донесува. Управата смета дека дресот со број 10, еден од најпрепознатливите во историјата на Реал, е идеален за играч од калибарот на Мбапе.

Фотографија: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Катастрофа за Реал Мадрид пред дербито со Барселона 

Барселона и Реал Мадрид вечерва го играат најголемото дерби во светот кое може да го реши …