Дома Фудбал Земјотрес на „Енфилд“: Ливерпул заврши трансфер од 94 милиони евра

Земјотрес на „Енфилд“: Ливерпул заврши трансфер од 94 милиони евра

Иако навивачите на Ливерпул се надеваа дека следната сезона првиот напаѓач во нивниот тим ќе биде Александар Исак, очигледно е дека тоа нема да се случи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со одличните игри во екипата на Њукасл, Исак го привлече вниманието на многу клубови кон себеси, а најголем интерес покажаа челниците на Ливерпул.

Њукасл за својот напаѓач бараше најмалку 100 милиони евра, но во Ливерпул одбија да ја платат оваа цена за него и се ориентираа кон други опции.

Италијанскиот специјалист за трансфери Николо Шира известува дека Ливерпул ги завршил сите податоци со нов напаѓач.

Станува збор за Иго Екитике кој, наводно, ги завршил сите детали и во наредните денови ќе биде претставен како нов играч на тимот од Енфилд.

“Трансферот е завршен и потврден. Иго Екитике од Ајнтрахт оди во Ливерпул за 94 милиони евра.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аргентинците го објавија писмото добиено од Инфантино, иако е пракса тоа да не се прави

Фудбалската федерација на Аргентина реши јавно да го објави писмото од претседателот на ФИ…