Дома Фудбал Ливерпул одби 67.000.000 евра и испрати порака до сите

Ливерпул одби 67.000.000 евра и испрати порака до сите

Фудбалскиот клуб Ливерпул одби понуда од минхенскиот Баерн вредна 67.500.000 евра за левокрилниот напаѓач Луис Дијаз.

Не сакаат па не сакаат. Ниту Ливерпул не сака да го продаде еден од своите најважни играчи, а ниту Баерн може да го добие засилувањето што го посакуваа. А, му е неопходно, особено по тешката повреда на Џамал Мусиала.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Самиот фудбалер изјави дека сака да си оди. Влегува во последните две години од својот договор, нема напредок околу продолжувањето на соработката, иако тој изјави дека нема проблем да остане на „Енфилд“ каде што ужива.

Ливерпул веднаш ја одби понудата од Баерн барајќи најмалку 100.000.000 евра и продажбата би се случила само во услови кои би одговарале на „црвените“ бидејќи неговото заминување не е приоритет.

Дијаз минатата сезона постигна 13 голови на 36 натпревари во Премиер лигата. Додаде три во Лигата на шампионите и еден во Карабао купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jувентус на чекор од нов тренер: Пристигнува поранешнниот селектор на Италија!

Јувентус е во напредни преговори со поранешниот тренер на Италија и Наполи, Лучано Спалети…