
Инсајдерите Брајан Виндхорст и Рамона Шелбурн на ЕСПН објавија голем текст под наслов “Од Леброн Џејмс до Лука Дончиќ. Инсајдерска приказна за најделикатната транзиција од една суперѕвезда на друга во историјата на НБА лигата”. Во него пишуваат како пред два месеца постана јасно дека Лос Анџелес Лејкерс извршија смена на заштитното лице, а и на газдите на тимот. Наместо Леброн Џејмс сега тоа е Лука Дончиќ.
„3 мај, четири дена откако Лос Анџелес Лејкерс испаднаа во првата рунда на доигрувањето против Минесота Тимбервулвс, елитниот ресторан ‘Крејгс’ во Западен Холивуд резервираше сепаре за четири ВИП лица: новата суперѕвезда на Лејкерс, плејмејкерот Лука Дончиќ, неговата долгогодишна менаџерка Лара Бет Сигер, генералниот менаџер на Лејкерс Роб Пелинка и тренерот Џеј Џеј Редик.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Леброн Џејмс, централна фигура во секоја одлука и стратегија на Лејкерс повеќе од седум години, не беше меѓу поканетите. Таму клучните луѓе на клубот го известија Дончиќ дека семејството Бас ги продава Лејкерс за 10 милијарди долари на Марк Валтер. Леброн за ова не беше однапред информиран и тоа го дозна кога и сите останати, еден месец и половина подоцна, и тоа преку медиумите.
Фото: Принтскрин