
Сампдорија ја избегна катастрофата во последен момент, иако завршија на 18-тото место на крајот од регуларниот дел од сезоната, што значеше директно испаѓање во Серија Ц. Ова ќе беше првпат во историјата на клубот да паднат толку ниско.
Сепак, тоа не се случи, благодарение на Бреша на која подоцна и беа одземени бодови, што ја помести Сампдорија на позиција погоре, доволна да игра бараж во плеј-аутот.>
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Играчите на Сампдорија мораа да играат плеј-оф против Салернитана за да останат во лига, а првиот натпревар го добија синоќа со 2:0 со голови на Меулестен и Курт.
Но, тука не завршуваат контроверзиите околу исправноста на натпреварот.
Според извештаите на “Газета”, 14 членови на Салернитана завршија во болница по натпреварот поради труење со храна.
“При патувањето, многу фудбалери и членови на стручниот штаб почнаа да имаат здравствени проблеми, па по пристигнувањето на аеродромот беа повикани итни служби кои ги транспортираа 14 лица во болница”, се вели во извештајот на “Газета”.
Бројот на заболени се зголеми на 16 откако уште две лица се пожалиле на исти проблеми.
Полицијата го истражува случајот, а според дадените информации, станува збор за сомнителен ланч пакет на база на ориз, подготвен во Џенова пред патувањето на Салернитана назад дома.
Фото: U.C. Sampdoria/X